ЗДРАВА ХРАНА НИЗ ИГРИ

Eko uka niz igra vo OU ,,Rampo Levkata,,Во еко игрите во ОУ “Рампо Левката” се вклучија 134 ученици од прво до седмо одделение. Низ низа на физички активности, како игри без граници, со зеленчук и овошје, учеа за добрите страни на здравата исхрана. Родителите пак беа во улога на судии, кои ги следеа екипите. Главен делител на правдата беше наставникот по физичко воспитување, Ристо Јачев. Низ седум игри – “Здрава храна за здраво детство”, “Еко кошарка”, “Водата се штеди, оти многу вреди”, “Здрави сокови пиеме и се освежуваме”, “Скокај, скокај зајаче”, “Еко танц” и “Овошје и зеленчук избираме и брзо го сортираме”, се постигна поентата. На забавен начин, се испрати еко порака за влијание на подигнувањето на еколошката свест, за значењето на старата хартија, за штедење на водата, за користење на старата пластика преку рециклирање и за здравата храна и нејзиното значење за правилниот развој на учениците.

Loading