СМЕНЕТИОТ СТИЛ НА ЖИВОТ ШТЕДИ СТРУЈА

Одбележување на Светскиот ден на заштеда на енергијата

Afirmacija na stedenjeto struja vo SOU ,,Orde Copela,,По повод Светскиот ден на заштеда на енергијата, еко – одборот од СОУ “Орде Чопела”, апелираше секој поединец да размисли како ја троши електичната енергија и колку може да штеди.

Овој ден е уште еден обид за редукција на загадувањето на животната средина. Паралелно, секој поединец придонесува да се намали исцрпувањето на водата, јагленот, нафтата, или пак го штеди здравјето на живиот свет.

Учениците го завршија еко – денот со повик барем еден ден да се обидеме да го смениме начинот на трошење на енергијата, затоа што така ја помагаме природата, го намалуваме загадувањето и го подобруваме нашиот буџет.

За подигнување на еколошката свест, наставниците и учениците, предвидуваат уште многу презентации.

Loading