СТРАНСКИТЕ ЈАЗИЦИ СЕ АТРАКТИВНИ ВО ГИМНАЗИЈАТА

– Бесплатни дипломи за најдобрите “Германци”

Gimnazijlacite stokmeni za germsnki studiiГимназијата “Мирче Ацев”, по иницијатива на професорот по германски јазик Зоран Стојкоски, организираа тестирање за добивање на сертификат Д-1 за познавање на германскиот јазик. Точно 30 ученици ја  искористиле шансата за трајна бесплатна диплома за познавање на јазикот, напредно ниво.

– Ние сме едно од петте училишта со акредитации од германското министерство за образование за да можеме да вршиме вакво тестирање. Германското министерство даде согласност по шест месеци. Условите налагаа, германскиот јазик да е застапен со 6 часови, што го постигнавме со вонредната настава секоја сабота. Располагаме со искусни професори. Со колешката сме магистри со доста сертификати и дипломи. Крајниот чекор беше добивање согласност за изведување на тестот од нашето министерство за образование и согласност од ЛС – истакна професорот Стојкоски.

Покрај двата центри во земјава, кои издаваат вакви сертификати, и тоа за значителна сума, Гимназијата им обезбеди на заинтересираните ученици да стекнат вреден документ без ниту денар. Во петокот бил писмениот дел, а во сабота е усниот испит.

Сертификатот Д-1 е виза за студирањето во земјите од германско говорно подрачје, вработување во било која државна или приватна институција и е право на учење и работа во овие земји.

Одбележан месецот на франкофонијата

Sansoni i pretstava  na francuskiСо свечена академија во која имаше изведба на балет, читање на француска поезија, свирење на шансони, изведба на комедија и други содржини, во театарот се одбележа месецот на Францускиот јазик. Организатор беше гимназијата, со голема помош од директорот Киро Николоски и професорката по француски Мирјана Бошкоска.

Приредбата ја подготвиле 40 ученици од сите ОУ и СОУ кои  создале атмосфера за претседателот на францускиот институт да се чувствува како дома.

– Францускиот јазик заслужува повеќе внимание, зашто е и втор официјален јазик на ЕУ. Учениците почнуваат да сфаќаат дека јазикот треба да се совладува не само од задоволство, туку и од потреба – рече професорката Бошкоска.

Мали франкофони

Priznanija za frankofonija - vo OU ,,Goce Delcev,,За одбележувањето на денот на Франкофонија, 20 март, во ОУ “Гоце Делчев”, директорот Трајче Каралиоски и наставничката по француски јазик Ирена Наумоска на учениците им ги доделија сертификатите – Знак за квалитет на сите учесници во etwinning проектите – “Замоци и палати во Европа” и “Прозорци на светот”, издадени од страна на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Loading