СО ЧИТАЊЕ ДО ЛИДЕРСТВО

Фондацијата за културни и образовни иницијативи “Чекор по чекор” во соработка со УСАИД го почнува “Проектот со читање до лидерство”. Со организирање на читачки каравани во избраните училишта се откриваат раните способности за читање и математичките вештини кај учениците од прво до трето одделение.

Со креативни изведби, избрани познати личности, актери како Петар Горко и други, се извршија читачки активности во ОУ “Блаже Конески” и во ОУ “Гоце Делчев”.

Во понатамошниот развој на проектот наставниците ќе се обучуваат за да ги развиваат јазичните и математичките способности во раниот развој на учениците како важен предуслов во создавањето на писмена и образована нација.

Носител на проектот е Габриела Стевананџија во соработка со педагошко-психолошката служба и сите наставници од одделенска настава.

Loading