ПРАВА КИЧМА ЗА ИСПРАВЕНИ УЧЕНИЦИ

Во ОУ “Рампо Левката” продолжуваат едукативните трибини за децата и родителите. Темата овојпат била “Деформитети на р’бетниот столб кај децата – причини и последици” за родителите на учениците од шесто одделение, зашто на нивната возраст се дооформува р’бетот. За темата зборувале м-р кинези терапевт, Филип Николоски и наставниците по физичко образование Кире Овезоски и Ристо Јачев.

Се потенцирал степенот на информираност на родителите и учениците, превенцијата и се препорачале мерки за спречување. Укажано е на недостигот на физички активности и на предолгото седење пред компјутер.

Loading