НЕ СЕ ЗАБОРАВА КУЗМАН

Масовен интерес имаше за литературниот конкурсот на СОУ “Кузман Јосифоски – за патронот. Бројни ученици пријавија лични творби, оти предизвик им беше темата посветена на идеологот на народно ослободителното движење.

Жирито награди парично само еден есеј. Наградата е можност личната творба да се прочита на свечена академија. Првата награда ја доби Катерина Мојсоска.

– Исклучително задоволство ми причинуваше да творам за херојот и патрон на училиштето. Се восхитувам на неговото дело. Во есејот наведов  дека Кузман Јосифоски – Питу  го жртвувал својот живот, бидејќи знаел зашто целта за која се борел е бесценета. Паднал покосен за да стане бесмртен!  Загинал за да стане легенда! – изјави добитничката на првата награда.

Loading