ОРА ЗА УСПЕШЕН КРАЈ

Во ОУ “Добре Јованоски” со свечена манифестација се оконча проектот “Разликите нî зближуваат”, поддржан од УСАИД и Фондацијата Отворено Општество. Финализацијата се збогати со изведба на познати македонски и ромски ора и читање на стихотворби и раскази за заедничкото дружење на мултиетничкото училиште. 

Родителите, учениците и наставниците, како и претставниците од поддржувачите на проектот, проследија слајдови за активностите. Заедно, Роми и Македонци уредиле ѕиден весник, посетиле црква и џамија, правеле флаери и учеле традиционални игри од двете националности. За паметник е издадено мини готварче со ромски и македонски кулинарски специјалитети.

Во неколкумесечните активности учествувале 140 ученици и 24 родители. 

Loading