МАРТИНКИТЕ ЗА ЗДРАВЈЕ

Креативните петтоодделенци од ОУ “Блаже Конески” заедно со нивните наставници го одбележаа 1-ви Март. Во соработка со Институтот за старословенска култура, се одржа предавање за потеклото и значењето на црвено – белите плетени нараквици, наречени мартинки. Предавањето се збогати со работилница на која вредните раце на  учениците, наставниците и родителите создадоа интересни мартинки во атмосфера со насмевки. Круна беше првомартовското дарување на мартинките на случајните минувачи. Оваа необична акција побуди интерес. За кратко време заблеска  црвено – белата боја на мартинките на јаките на многу наши сограѓани во центарот.

– Симболиката на мартинките е да се стават и носат на себе на 1-ви Март за здравје. Се надеваме дека подарокот од петтоодделенците ќе им  донесе  многу здравје – велат од училиштето.

Loading