ФУДБАЛЕР И ПОЕТ

Дека фудбалот е најпривлечен спорт кај нас е неспорен факт. Младите го сакаат и од мали нозе ги учат правилата на овој глобален спорт, кој не знае за граници.

Меѓутоа, реткост е љубовта кон фудбалот да порасне толку голема, што дел од неа мора да се прелее од теренот до моливот. Шестоодделенецот Ангел Мирчески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, фудбалскиот талент успеал да го преточи и во литературна форма. 

Ангел има 11 години, а не помни од кога е другар со топката. Неколку години се усовршува во фудбалска школа. Најголем дел од слободното време го минува со “бубамарата”, а тоа сигурно го наследил од покојниот дедо Јован Китаноски, кој бил наставник по физичко. Уште еден знак дека крвта не е вода. Голем фан е на “Реал, кралскиот клуб” од Мадрид.

 

Спортот јас го сакам

Да играм со топка

наоѓам  време јас,

но за фудбал секогаш

и во секој час.

 

Топката е за мене

најубава играчка,

кога ќе ја шутнам далеку

сî може да смачка.

 

Фудбал сакам да играм

тука нема збор,

и си редам успеси

само во туѓ гол.

Ангел Мирчески VI  одделение

ОУ “Кире Гаврилоски-Јане”

Loading