ПРОДОЛЖУВААТ СПОРТСКИТЕ УСПЕСИ

ОУ “Блаже Конески”

Женската ракометна екипа составена од осмоодделенки од точилското училиште, успешно ги заврши општинските натпревари. Тренерот и професор, Тони Николоски вели дека со доста заложби, тренинзи и мотив за успех го постигнале завидното второ место. ОУ “Блаже Конески” е најдобро и во машки футбал. Во училиштето недостига спортска сала, а сепак трудот и желбата за докажување ги воделе ракометарките низ бројните натпревари со сите основни училишта од градов. На крај, задоволни се со среброто во двобојот на финалето со ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Loading