ДЕЦАТА КАЈ ДЕЦАТА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР

На поканата од Центарот за дневен престој, за светскиот ден на деца со посебни потреби, се одѕваа учениците и колективот од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Ова е втора година од заедничката соработка што ја има Центарот и ова училиште. И годинава гостите биле пријатно изненадени од подготвените точки на учениците и нивната посета.

За ентериерот се погрижиле децата од центарот, а за убавата атмосфера, со мелодичност се погрижиле учениците. Присутните, меѓу кои бил градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на советот Никола Димески и многу родители, баби и дедовци, уживале во стихотворбите во изведба на учениците од одделенска настава при ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Најшироки насмевки и најмногу радост имало кај штитениците, кои се веселат на секоја посета.

Loading