НАЈДОБРО ВИДЕО ЗА ЕКО – ЕДУКАЦИЈА

ОУ “Кирил и Методиј”

Инвентивните учениците од  6 – а одделение од ОУ “Кирил и Методиј” од селото Канатларци, Сениха Тмушиќ, Иванчо Јоноски, Благојче Ѓорѓиоски и Семир Тмушиќ под менторство на психологот Мони Кузмановска го освоија првото место со изработеното видео на тема “Енергетска ефикасност” во конкуренција на 56 основни и средни училишта од земјава. Тие најдобро ја сфатиле натпреварувачката суштина на темата, зададена од НВО “ОХО” од Скопје и партнерите, општината Велес и Глобалниот еколошки фонд.

Наградата е  парична, а средствата ќе се наменат за подобрување на  енергетската ефикаснсот во училиштето.

Директорот Јусуф Ахмет е горд на успехот и им се заблагодари  на децата што придонесле за подобрување на изолацијата на училиштето.

Loading