РАЧИЊА

Плес, плес рачиња,

месете си вие колачиња,

и за вашите другарчиња

дробни и јадри дечиња.

 

Кога ќе ги испечите,

сите да се почестите,

жешки да не ги јадете,

ќе ве болат забите.

 

Кога ќе си играте,

за да не подригате,

млеко да си пиете,

калциум да добиете.

 

Секој што се храни,

телото си го брани,

за да биди здраво

и да расте право.

 

Секое нехрането тело,

нема сила за дело.

Разни болести го напаѓаат,

негови делови се распаѓаат.

 

Автор

Томе Велјановски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading