БУНАР ВО СЕКОЈ ДВОР

Хидро Д.Е.Л. 

Огромното богатство подземна вода ја ставаат во функција на потребите на прилепчани браќата Емил и Дејан Димкароски со фирмата Хидро Д.Е.Л.  Насекаде низ градот и околината тие ја донесуваат до славините водата од под земјата за гаснење на жедта, за одржување на хигиената или  полевање на бавчите. Со соодветна опрема влегуваат во утробата на земјата и отвораат дупнатини за откривање на минерали. Тоа им е ориентација веќе шест години. Ги бараат  фирмите кои трагаат по резерви и наоѓалишта на неметали.

Бизнисот добро им оди со двете машини. Не се жалат, иако ангажманот е сезонски, главно на крајот на летото и почетокот на зимата.  

– Најчесто се бараа дупчење од различни големини за ставање на цевки за вода и за пумпи за наводнување. Последниве години атрактивни се откривањата на термални води со температура од 13 – 14 степени, кои се користат за загревање. Зашто водата од мрежата е 5-7 степени,  разликата се експлоатира за загревање во болјер, машина за перење…, со што се намалува потрошувачката на струја – вели Дејан. 

Според нивните искуства Прилеп е богат со подземни води. Ги има и на 3-4 метри. Но, плитките не се квалитетни и исправни за пиење.      – Водата од најмалку 12 метри е најдобра. Филтрирана е и без бактерии. Препорачуваме 30 метри, оти дарежливоста е поголема. Се дупчи до 50 метри на повисоките делови. Ги знаеме местата со вода, зашто се случува од една страна на улицата да има, а од другата да нема вода. Се дупчи со минумум Ф-90 мм. со филтер. Најдлабокиот “наш” бунар е 90 метри. – кажува постариот  брат Емил.

Да не дојде до затнување, бунарите треба да се одржуваат на минимум три години. Тоа значи да се испери и повторно да се разработи. Песокта треба да се исфрли надвор, да не го оштетува моторот, перките и другите работи.

Хидро Д.Е.Л. поседува една машина со моќ до 100 метри, а другата влегува до 300 метри длабочина.

– Вложувањата се различни, оти дупчењето на земјен терен е едно, а друго е во карпест предел. Наоѓаме заеднички јазик. Луѓето се задоволни. Вода има до 12 л/сек. Таканаречените живи води, кои излегуваат од земјата без пумпи, ги има над Маркова Чешма, кај Ленишки мост, Долно Садово… Подлабоките води се неисправни, зашто содржат повеќе железо, сулфур – објаснуваат браќата.

Ангажирани се најчесто за фирми. За дупчењата за минерали, пристапуваат по шема до 50 метри од Ф-30 до Ф-120. Концесионерот е должен  да ги утврди резервите и дали има потенцијал за понатамошна експлоатација. “Копаат” и во Куманово, Македонски Брод

ДУПКИ ЗА ГЕОТЕРМАЛНИ ПУМПИ

Се поставуваат геотермални пумпи за вода во дупки со Ф-140 мм. На длабочина до 40 метри може да се достигне температура на водата до 14 степени. Може да е направен бунарот, а геотермалниот систем да почека. Најефтин дел од системот е бунарот. Од искуството велат дека нема топла вода во Пелагонија.

Loading