СИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕКСТЕРНОТО

Точно 176 матуранти од Гимназијата “Мирче Ацев” во средата и денес екстерно се тестирани од Државниот испитен центар. Да се избегнат грешките и негодувањата од лани, овојпат сите прашања по сите наставни предмети се поставени на веб страницата на Министерството за образование три недели. Двата предмети кои ќе му паднат на ученикот се поставени три дена пред екстерното испитување.

Директорот Кирил Николоски е во постојан контакт со колегите од другите средни училишта. Кажува дека секаде сé било подготвено за екстерното тестирање. Учениците добро го прифатиле промените и не се очекуваат големи разлики меѓу оценките во дневниците со оценките од тестирањето, што ќе го надгледуваат претставници од Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието. Тестот содржеше по 30 прашања, а се одговара компјутерски во рок од еден час.

Инаку, гимназијалците, како и учениците од СОУ “Ѓорче Петров” изработиле календар, со помош на неуморната професорка по ликовно образование Марта Макеска. Радосните лица и сликите од гимназиското секојдневие се дело на фотографот – ученик, Ѓорѓи Десподов, а просторното и костимографското решение е на студиото “Ковалски”.   

Loading