МАЛИ ГОТВАЧИ ЗА ЗАЕДНИШТВО

ОУ “Добре Јованоски”

За промовирање на интеркултурализмот и културните различности и сличности преку зголемено учество на учениците и родителите во воннаставните активности, ОУ “Добре Јованоски” имаше еден куп активности. Три месеци се изведуваа работилниците за создавање на благопријатна мултиетничка средина. Понудените и прифатените еднакви можности на македонските и ромските ученици за искажување и поттикнување на креативноста и талентот, создадоа можности за меѓусебно зближување. Учениците се запознаваа со меѓукултурните вредности и преку учеството во проектите за поткревање на самодовербата и самопочитта на групата маргинализирани ученици.

За да се постигне хармонична мултикултурна атмосфера имало повеќе подготовки. Се кореографирале две традиционални ора (едно ромско и едно македонско оро), се готвеле дваесетина традиционални македонски и ромски јадења и се испечатил мал готвач “Наше готварче” со рецепти од македонската и ромската традиционална кујна. Овие форми  на соработка влијаеле на стимулирање на комуникацијата и соживотот, поттикнувајќи односи на соработка меѓу учениците од различна етничка и културна средина.

Ангажирани биле 130 – 140 ученици на возраст од 11 до 13 години, од кои 60 отсто биле Роми со 14 родители и 40 отсто Македонци со 10 родители. Придонеле и 6 наставници, директорот, дефектолог, педагогот, социјалниот работник и претставникот од невладината  “5 до 12”.

Loading