ГИМНАЗИСКИ ХУМАНИТАРЦИ

На иницијатива на професорката по македонски јазик во СОУ “Мирче Ацев” Елена Стојаноска и 30-на ученици предновогодишните денови ги минаа во дарителски дух. Тие испратиле новогодишни честитки на децата без родители во домовите во Битола и Скопје.Дури беа и во битолскиот дом за деца без родителска грижа, каде донираа играчки собрани од учениците и вработените во Гимназијата. Не ги заборавија ниту старите и изнемоштени лица во Домот “Киро Крстески – Платник”. Ги забавуваа луѓето од третото доба со музичка програма. Се претставија со новогодишна програма пред децата со посебни потреби во ОУ “Климент Охридски”. Со Дедо Мраз и автентична новогодишна атмосфера на децата им подарија дарови. За богатите пакетчиња, помогнале Витаминка, Прилепската пиварница, Комфи Ангел, Т.А. Бран, Викели и цвеќарницата Маријана. Со кадифени играчки ги израдуваа и најмалите во детската градинка Аличаир.

Loading