ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (241) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во продолжение за 1958 година

Црна и трагичната вест до родот Вељаноски. Котески, Стеваноски и Димитриоски во с. Марул во 1958 година.

Беше това во половината на месецот мај 1958 година. Христоски Благоја Бале од село Горно Агларци се удави 1958 година во реката Мртвицата во местото викано Голиците. Роден е во 1942 година од мајка Крста со неговото братче Бошески Грозданов Борче, Борис роден во 1941 година од исти родители, собрана поголема група на момчиња воловарчиња за пасење на воловите низ агларскиот атар.

Штотуку се приближи времето пладнина за поење на воловите вода. Како и дотогаш целата група момчиња воловарчиња ги потера воловите цела сурија волови за да ги напојат воловите вода ид а прележат воловите под врбовите сенки пред обалата на реката.

Времето топло после напојувањето вода на воловите за пладнинскиот одмор на воловите сместени под густите врбови ладни сенки младите момчиња воловарчиња се одлучија да се искапат во реката. Пливањето го започна со натпревар кој да се покажи за подобар пливач. Натпреварот го започна интензивно за подводно пливање. Поред другите деца истото го прави со такво пливање и Благоја во истата група. Христоски Благоја во една тура на пливање не се појави на површината над водата. Неговите другарчиња и брат му Борис ги фати паника исплашени. Братчето му Борис со сета негова сила и моќ со трчање отиде дома да јави што се догоди со неговиот брат Благоја.

Домашните Бошевци и повеќе помешани комшии и селани доваѓат н аместото во реката и добри пливачи од селото влегуват под вода и Благоја го навоѓат заглавен помеѓу жилите корените под вода на врбите. Благоја бидува изваден и положен надвор на тревата ама нен дава знак за живот.

Наредниот ден Благоја со сите потребни документи за погреб со свештано лице, поп и со многубројни нажалостени горно и долно агларчина во заедничките агларски гробишта во парцелата на Бошеските гробишта.

Роднините на Благоја во Марул, Велјановци, Котевци Стевановци… Димитријовци па и сите познати во селото добија вест за судбината на Благоја после недела дена. За неговиот четириесетдневен помен од неговиот млад згаснат живот отиде дедо Ристе, вујко на татко му Гроздан роден брат на Велика, мајка на Гроздан.

Благоја со неговата фамилија имаше дојдено на два пати во Марул, во 1951 и 1953 година. За првата негова посета во Марул во 1951 годинание куќните Велјаноски деца Петра, Донка и Томе поред сиот гостилнак се пофалиме да во нашиот шумски ормна во ридот со местото викано Велика Пештера има диви јаболка. Бале палав, радознал навали за да одиме да набериме диви јаболка. Атер за гостите ние домашните деца Петра, Донка, Томе заедно со нашите гости братучеди Борис, Благоја и Јованка зедоме три волнени торби и отидоме кај Велика Пештера, ги наполнаме трите торби со диви јаболка. Гостите кога си одеја за дома во с. Горно Агларци си зедоја за дома дедо му Кристо ги покрил со ржана слама за да здрејат. Како што здрееле така ги земале за јадење, ниту едно не исфрлиле. Нас писмо ни пратија. Овај гостинлак беше за свадбата од тетка Роса.

По втор пат на Благоја во Марул му беше и беерње јаболка диви во Велика Пештера на 21 септември 1953 година.

За селската слава Мала Богородица фамилијата Христоска од с. Агларци додје на гости уште вечерта полна кола коњска со луѓе. Водачи на фамилијата беа татко му Гроздан и мајка му Крста.

Наредниот ден утрото откако се вратија верниците од црква се даде доручекот, Борис и Благоја со Јованка го започна разговорот за убавите диви јаболка со прашање дали има и ова година јаболка. Откако им одговориле како и секоја година исто така и оваа година има јаболка, гранките не ги крепат.

Готово, се реше работата да одиме дента по јаболка. Ова турнеја со деца беше поголема. Велјаноски Донка, Томе, Ѓорѓија, Јованоски Верка, Данчо, јанкоски Стева, Ванчо, Ванѓел, Атанас, Даринка, Јолеска Ракида. Гостинчињата од Агларци Борис, Благоја, Јованка зедоме четири волнени торби. Патот го фатиме по Средобрегот наминале кај кладенчето од Дренот поради од бајачките е определена петочна вода. Сите се измиме и напиме вода за здравје. Тргнаме нагоре поред гулабарнико поред камено вало и дојдоме до каменот дупениот камен. Секој од нас се провнаме низ каменот по три пати за здравје.

Откако е завршиме работата со провирањето низ дупениот камен одма во недалечна близина слегоме низ тесното каменово уличе дојдоме низ грмушките да дивите јаболкници. Со голем плод чичка од јаболка.

Борис и Благоја се качија на јаболката торбите волнени нарамени наметнати преку рамо берат од јаболката ниту едно не пуштат да падни наземи за да не се натратат набијат. Ги наполна четирите торби со дивите јаболка и слегоја.

Си тргнавме низ уличината за дома со торбите полни јаболка надолу под Соњички камење за по Градиште и свртиме на горнот кладенче во Бачилиште си дојдоме дома кај нас во дворот комплет како што беме по јаболко.

Родителите на нашите гостинчина Гроздан и неговата жена Грозданица Крста од голема радост му посолзија очите од голема радост поради нивните деца стекнале голем број на другарчиња во с. Марул.

Откако си отидоја децата дома во саботата од пазар од Прилеп наврати со чезата нивниот дедо Кристо и рече дома кај нас борба се води со децата наши кој поново сакат да идат овде но сега не е време да идат, треба нашколо да одат рече дедо Кристо. Ние во Марул добиме писмо како и предходна година да јаболката со дедо му Кристо и овој пат ги покриле со ржана слама. Како што здрејат, така ги вадат и јадат. Ристе на погребот на 7 ноември 1962 година беа присутни присестра му на дедо, Ленка и зет му, Кристо. Додека Јованка тука беше на поседок. Јованка имаше седено на поседок четири пати. Нашите брачеди од стрико ми Благоја, Гулаб и Слободан на два пати беа подстанари кај Кристовци додека учеа стопанско школо во Битола. Кристовци од Агларци во Битола се преселија на завршување на летниот период во 1965 година.

Учебната година во 1958 година заврши после пред половината н амесецот јуни кога беше годишниот школски распуст. Учителот Трајчески Спасе откако се одсели од с. Марул повеќе никогаш не наврати да направи посета во с. Марул. Сепак за време за годишниот распус остави спомен, слика сликан кај седи на средина со дел од родителите и други присутни на распустот од таа 1958 година.

Продолжува    

Loading