ОСВЕТУВАЊЕ НА ТЕМЕЛИ

Скромни почетоци имал денешниот престижен Институт за тутун, кој е активен член во научно – образовната сфера преку универзитетот “Свети Климент Охридски”.

Хрватот Рудолф Горник, во потрага по земја, каде најдобро се одгледува тутунот, ја основал првата експериментална станица за истражување тутун, баш во Прилеп уште во 1924 година. Таа била единствена на Балканот. Подоцна опитниот центар прераснал во Институт за тутун во 1936.         

Фотографирано е осветувањето на темелите на Институтот што го вршат свештеници по сите канонски правила во 1936-та. Се верува дека осветувањето дало успешна и плодна истражувачка работа. Во кралството Југославија, и православната, и католичката црква имале голема улога и влијание во општествениот живот. Во војската имало католички опат и православен поп во секоја поголема единица. Прилеп од тогашна Вардарска бановина, припаѓал во српската сфера на влијание, па се негувал трендот на сите поголеми настани да бидат присутни православни свештеници. Можеби дуализмот на “сеприсутните” католички и православни црковни лица придонел до распаѓање на кралството, но економската состојба и нерешените национални прашања секако биле главните чинители.

Loading