ЕКО ЧИН ЗА СОЛЗА ВОДА И СТРУЈА ОД МЕТАН

Како работи пречистителната станица за отпадни води

Прилеп е првиот град во Македонија кој според сите европски регулативи изгради пречистителна станица за отпадни води, а со тоа покажа висок степен на грижа за чиста и здрава животна средина. Прилепската, како што некои ја викаат филтерска станица е прва која метанот што се добива при работата пробно може да го користи за производство на електрична енергија за постројките. Низ разговор со Игор Гулабоски, директорот на ЈП Водовод и канализација, Зенит ексклузивно го претставува сложениот и скап процес. 

Зошто граѓаните плаќаат надомест за одведување и пречистување на отпадните води? Кои се тие процеси на пречистителната станица?

Пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) има ги прифаќа отпадните води на градот преку колекторскиот систем насочен на влез во станицата, да изврши нивно соодветно третирање и веќе третираната отпадна вода и како прочистена да ја спроведи во Прилепска река. Во пречистителната станица се вршат низа на технички постапки, потребни за континурано одржување и сервисирање, а кои предизвикуваат сериозно финансиско оптоварување на ЈКП Водовод и канализација.

Колкав е капацитетот и дали се користи максимално?

Проектирана и изведена е за потребите на 95000 жители. Се состои од повеќе објекти поврзани во функционална целина.

Како тече процесот шт почнува со механичкиот третман?

Поделен е на неколку сегменти, меѓу себе поврзани и зависни еден од  друг. Најпрвин е механичкиот третман на отпадните води со влезната пумпна  постројка (Архимедови пумпи) за преземање на отпадните води од главниот колекторски систем на градот и насочување кон механичките решетки. Механичките фини решетки се за одделување на цврсти и груби загадувачи присутни во отпадната вода и песокот задржател за отстранување на песокот и присутните маснотии во отпадната вода (работи со континуирана аерација за полесно испумпување на присутниот песок и негово одделување преку сепаратор на песок. Мрснотиите се насочуваат кон сепаратор на мрснотии. Одделените песок и мрснотија се одлагаат во  контењери и се депонираат на соодветна депонија. Во примарните таложници “тињата”, гравитационо се таложи.

Потоа следува  биолошки третман на отпадните води?

Има биолошки реактор (базен за активна тиња) каде се врши биолошкиот третман на отпадната вода која доаѓа од примарните таложители и тука се врши биолошко разградување во аеробна средина (присутна е биолошка маса – бактерии и микроорганизми кои во присуство на растворен кислород вршат разградување на органската маса и формираат “активна тиња”. Заради непречено функционирање на биореакторот, континуирано се врши аерација. И во секундарните таложници, “тињата” гравитационо се таложи. Но тука веќе е секундарна тиња (биолошки веќе третирана активна тиња – финална седиментација за одделување на активната тиња од отпадната вода) од секундарните таложници веќе третираната отпадна вода како пречистена се одведува кон градската река (со што е исполнета во целост оправданоста на постоење на ПСОВ. Присутната гравитационо наталожена секундарна тиња во секундарните таложници може да се подели на: рециркулациона активна тиња (РАС) се одведува кон биолошкиот реактор да се одржи потребното ниво на биомаса и вишок на активна тиња (САС) која се одведува: кон постројката каде се врши нејзино “исушување”, односно со  третира во  центрифуга во  присуство на полимер и како “обезводнета” се одлага на сушни полиња (тука по пат на дренажа дополнително се обезводнува и е спремна како технолошки отпад соодветно да се врши одлагање на депонија за таа намена или кон сегмнетот на ПСОВ каде ќе биде хемиски  третирана.

На крај следува технолошкиот процес на хемиски третман на отпадните води?

Се работи за секундарен процес кој овозможува дополнително искористување на активната тиња за производство на ЦХ4 – метан и негово користење како погонско гориво за КО-генератор за производство на електрична енергија (произведената електрична енергија е наменета за потребите на ПСОВ). Тука се користи тињата во процесот на анаеробна ферментација која резултира со производство на метан. Процесот се одвива во анаеробни дигестори, каде е присутна постојана миксија на тињата и се загрева на одредена температура неопходна да се произведе метан. Третираната тиња од дигесторите (метан танкови) се одведува кон постројка за нејзино “исушување” односно со третира во центрифуга во присуство на полимер и како  “обезводнета” се одлага на сушни полиња.

Кои се следни чекори за поголема ефикасност на постројката?

Со самиот процес на ПСОВ е согледан проблемот за одделување на грубите загадувачи во отпадната вода. Како ЈП пристапивме кон изработка на  проект со одобрение за градба на таложник кој ќе претставува една крупна финансиска инвестиција годинава. Со проектот Општина Прилеп аплицираше во Центар за развој на  Пелагониски плански регион  и со овој чекор и добивањето на овој проект ќе направиме модернизација на пречистителната станица и уште повеќе ќе се зголеми бенефитот кој го добиваат граѓаните. Тоа значи производство на здрави земјоделски и градинарски производи кои ќе ги продаваат на  најубвавиот пазар во Македонија.

За придобивките за животната средина?

Имаме визија за чиста вода, која значи добра вода за пиење, но имаме визија и за чиста и здрава животна средина. Прилеп се враќа на европските цели  и предизвици со големи чекори.

Штедење и до 50 отсто

Како да се зголеми производството на електрична енергија од метанот?

– Во постапка е целосно процесуирање со релевантните институции со цел во иднина пречистителната станица целосно да се потпира на искористеноста на метанот. Во моментов таа може да задоволува 12-15 % од сопствените потреби. Се очекува во 2023 година со одредени вложувања да може да се зголеми произведениот метан со што би можело да се покрие и до 20 % на електрична енергија на станицата. Според проценките, доколку се инвестираат 300.000 до 500.000 евра би можеле да дојдеме и до 50 отсто производство за потребната електрична енергија за станицата само од метан.

И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ ЕКСПЛОАТИРА?

Интензивно преговарате со Владата да се промени постоечкиот закон и да се дозволи производство на електрична енергија од фотоволтаици?

– Имаме готов проект за поставување фотоволтаични панели на пречистителната станица која користи 80 % од вкупно потрошената енергија на ЈП. Со овие панели ќе се намали сметката за струја за пречистителната станица и до 50 отсто. Инвестицијата би била околу 540.000 евра, пари кои Водовод ќе ги обезбеди од Европски фондови и дел од нашите Министерства, кои би се вратила за една година. Инаку, со субвенционираната електрична енергија за декември се намали и сметката за струја која ја плаќа ЈП за 50 %, Со тоа се намали и сметката за вода кај граѓаните, односно се врати цената пред покачувањето.

Loading