ПРВОТО БЕБЕ Е ЖЕНСКО

🚼 Првото бебе во новата 2023 година во Прилеп е женско.

Четири часа после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески” во Прилеп, се роди женско дете, второ дете на мајката, Емилија Златеска. Здравје и среќа им посакаа градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и Кети Смилеска, директор на болницата. Градоначалникот на среќната мајка и’ подари пригодни подароци и штедна книшка од 15 000 денари. Ваучер од 6000 ден. ѝ подари Смилеска.

За семејството Златески ова е втора рожба, второ девојче кое ќе се вика Кристијана.

Loading