АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ќарот и зијанот се браќа, а при делба треба да се дели и зијанот.

x

Што уште не е гнило во државата?

x

Мислат дека пиеме нафта, а не знаат дека немаме пари да ја купиме.

x

Сатирата треба да е кратка и бритка секого да може да го свитка.

x

Добар афоризам што може, ни роман може.

x

За состојбите, одговорни се и ѓубреџиите, што навреме  не го собираат ѓубрето.

x

Полн е како брод и тоа гусарски.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading