ДЕСПИНА ПРОТИВ ФАВОРИТОТ

Жени

Екипата Деспина в сабота (14 ч.) на игралиштето со вештачка трева е домаќин на струшкиот Ас унитед, во 7. рунда од фудбалската Прва женска лига на Македонија. Одличен тест за Деспина, петтопласирана, против третопласираниот ривал. Колку се моќни двата тима, се покажа претходниот викенд, кога Ас унитед дома со 8:0 го совлада велешки Борец, а Деспина со 5:1 победи во Речица, Кумановско. Стрелци: Жељана Максимовиќ и Ана Боризоска по два гола, Николина Батиниќ еден.

На табелата води шампионот Љуботен со 18 бода, пред Саса и Ас унитед по 15, Тиверија 12, Деспина и Скопје по 9.

Loading