СЕУШТЕ СЕ ТРАГА ПО ПЕТАР(10г.), А ВО МАРИОВО ПРЕД 13 ГОДИНИ ИСЧЕЗНА И АНГЕЛА(6г.)

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Петар Џобоски(10) за кого неговиот родител пријави во петокот вечерта дека се оддалечил од домот во селото Врбско, мариовско.  За 13 години ова е втор случај на исчезнување на дете.

Ангела (6) и Петар (10)

Во јули 2009г. во селото Дуње Мариово, исчезна шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска.  Девојчето го снемало според тврдењето на нејзините родители Борка  и Ана, откако со братучетка биле на гости и Ангела си  играла во дворот. Кога сакале да си одат, девојчето го немало. Потрагата траеше со месеци. Во февруари 2010 година, Институтот за судска медицина потврди дека остатоците од детското тело пронајдени кај селото Пештани во Мариово се од шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од селото Дуње, која исчезнала  пред шест месеци.

Инаку, на десет годишниот Петар му се губи секаква трага во петокот попладнето од дворот од куќата во село Врбско, Мариово, каде родителите одгледувале пчели. Во полициска потрага има 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка. Вклучени се и доброволци, од спасувачката служба, пожарникари. Временските услови ја отежнуваат потрагата.

Во меѓувреме, прилепското ОЈО поведе предистражна постапка во која изјава дале родителите и повозрасниот брат на Петар.

Loading