ДОЗНАЈТЕ КОГА ЌЕ ИМА СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ!

При сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден 20 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола. Тројца возачи биле санкционирани во прилепско.

Сообраќајните контоли продолжуваат и во наредните денови

На 02.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 20 возачи, од кои 12 санкции се изречени на територија на Ресен, 5 санкции на територија на Битола и 3 санкции на територијата на Прилеп.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

Loading