Си биле еден поп и попаѓа. Машка челад немале. Главиле едно момоче да работи по нивјето со ќерки му и да им поможува, да ја работи машката работа, полска како дома. Еден ден отишле на работа на лозје, попот, момоко и ќерки му на попо. Фатил еден посилен дож. На лозјето имало колиба. На ќерките попо му рекол:
– Чеда, одете вие во колибата, таман има место за вас. Јас и момоков Прокапа ќе се засолниме под редовиве на лозјето!
Отишле поповите ќерки в колиба, а попо и момоко под лозинките. Времето, не само што не престанувало да врни, туку сé повеќе врнело. Прокапа, без попо да го праша, за да се спаси од дождо пороен, со трчање, отишол и тој в колиба. Ги видел таму убавите попови ќерки, разголени, растртанчени. Заборавил на маката од невремето. Фатил една од поповите ќерки ‘е опчекорил. Почнала да се брани и да вика по татко í, без да нагласи дека момоко ја јавнал. Од страмо, почнала да вика:
– Татко, прокапа, татко прокапа!
А попо дал одговор:
– Ќути, мене сиот ме окапа! ‡ без да се сети што ги нашло нив в колиба од момоко.
Од поповото несваќање, момоко ги поминал сите три ќерки. Кога попо разбрал веќе било доцна оти работата била завршена.