ДРЖ МЕ МАЈКО…

Белешка

Не  ја  очекував средбата. Синот на еден мој колега, сега починат, возејќи и велосипед зад мене ми подвикна и застанавме. Прво што ми рече беше зошто сум пишувал само негативни, а не и радосни настани во моиве белешки – колумни. Веднаш си реков дека човеков не е граѓанин што не ги следи работите. Интелектуалец е. Како таков отсекогаш го ценевме во маалото.

-Те читам во белешкине, ама сé некако црно, невесело. Пишуваш без некоја светла иднина. Како сé да не ти чини!? – ми рече и не замина  чекајќи одговор.

А, јас како од пушка, како само тоа да го чекав.

-Добро, нека е така како што велиш. Те прашувам сега што е толку убаво да се фалиме и да се радуваме, чекајќи ја посветлата иднина – му реков  и го чекав неговиот одговор .

Се замисли, можеби не го очекуваше моето прашање, мојата реакција, а с  продолжив со поставувањето на прашања.

-Добро, еве се чувствувам некако нападнат. Те прашувам што е добро во здравството. Според мене е поболно од многу други европски, а и светски здравства. Како да се наоѓаме во земјите во Африка, а не среде Европа. Многу, многу западнавме. Зошто, иако има стручни лица? Тие најдат решение и неканајдат одговро. Зар ти не си исплашен од ова што секојдневно нé плашат и ни се закануваат со енергетската криза?! Тоа, како го толкуваш? – му реков малку посмело и откако си дојдов на себе.

-Што мислиш, како ќе ги минеме идните месеци во оваа, како што велат, тешка и студена зима? Што мислиш за образовниот систем? Мислиш дека во оваа област е како што треба? Да те прашам и за ова, те има – те нема влада? Се чекаа изборите, локални. Тие завршија и првиот и вториот круг и резултатот е познат. Мислиш дека проблемите ќе се решат преку ноќ?! Ај кажи, ако знаеш, како ќе се реши мнозинството, немнозинството, купување, продавање на пратеници? За тоа ли ги избиравме на пратеничките, парламентарните избори? Или, сега им е поважно да го задржат пратеничкиот статус, независно како ќе му биде на народот? Што бидува и со пазарењето. Кој советник или близок до локалната власт што победи да добие директорско место, да биде член на некој управен одбор, на некое јавно претпријатие од локален карактер. Да не заборавам, а каква ни е состојбата во она што го нарекуваме стопанство?! – го “потиснав” со прашања.

Младиот интелектуалец, син на мојот колега, малку подзамолча. Почна да се правда дека ете не мислел така, ама сакал да  разговараме и да размениме мислење за секојдневието што нé оптоварува и се случуваат, овде кај нас и околу нас.

-Знам сé, знам какво е здравството. Ја следам енергетската криза, состојбата на политички план во државава и на локално ниво. Сакав да те прашам колку да отворам разговор, а не да те лутам. Не ти забележувам толку, колку што ми изнакажа Како и многумина, ги чувствувам проблемите. Знам дека не ни се пишува добро, а нема да биде добро како што мислевме и како што се кажуваше во кампањата пред овие локални избори. Ми се чини дека работава дојде како онаа народната “Држ, ме мајко јас се исто….в”!!!

К.Р.

Loading