ВО ПОТРАГА ПО ЦЕНА НА ТУТУНОТ

Тутунарите и откупувачите на една маса во потрага по повисоки цени на родот

 

            Претставници на тутунарите и откупните компании денеска во Скопје ќе имаат а средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа. Ќе себара заедничко решение за ниските цени тутунот кои на почетокот на откупот, според тутунарите, се проценува од 120 до 150 денари. Министерот Хоџа во вторникот во Прилеп се сретна со незадоволните тутунари кои протестираа и бараа просечна цена од 200 денари за килограм.

ptotest 3

 

            Тутунарите се заканија со радикализација на протестите и блокади,а во меѓувреме ги замрзнаа протестите.

            Според менаџментот на Тутунскиот комбинат од Прилеп  тутунот веќе се откупува во просек од над 190 денари за килограм.

            Тутунарите оценија дека квалитетот на родот е за нијанса послаб. Сепак, просечната цена не треба да биде пониска од 200 денари.

            -Доколку не се постигне договор, не отстапуваме од протестите и блокадите – истакна Игор Мирчески, претставник на тутунопроизводителите.

            Министерот Хоџа рече дека производителите се жалат на лошата проценка, а откупувачите велат дека тутунарите мешаат тутун со послаб квалитет во повисоките класи.

            Откупувачите досега откупија само 1,5 отсто од договорените количества или околу 300 тони од годинешната реколта која тежи 23.000 тони

            Лани просечната откупна цена на тутунот беше 215 – 220 денари.

Loading