БЕЗ КОМУНАЛИИ ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОРТСКАТА САЛА ВО ОУ ,,КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ,,

Седница на општинскиот Совет на општината Прилеп

Нема комуналии за градба на спортската сала во ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,,

            Советот на општината Прилеп  на 50-тата седница, одржана преку видео-конференциска врска, ја усвои Програмата за работа и финансискиот план за 2021 година на ЈКП Пазари. Советниците дадоа согласност и за финансискиот план и измените на годишниот план за вработување во 2021 година на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“. Тие дадоа согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП, за период од 1.7. до 30.9.2020 година.

sovet 2

            Членовите ги изгласаа заклучоците за усвојување на Збирниот извештај за проценетата штета од невремето на 17, 19 и 25 август 2020 година. Покрај земјоделски површини околу градот, невремето ги зафати селата Ерековци, Канатларци, Мажучиште, Селце, Присад и др. Невремето ги скуси приносите за 45,3 милиони денари на 284 хектари со земјоделски култури.

            ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е ослободено од плаќање комуналии за изградба на спортска сала.

            Советниците дадоа виза за дополнувањата на Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп.

            На седницата беа усвоени повеќе барања на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти.  

Loading