Две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми исфрлил Ф.Д. (46) од с.Калишта од патничкото возило „ауди“ во близина на с. Старо Лагово откако полициски службеник му дал знак да застане, а Ф.Д. продолжил со возење.
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 8 декември во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.