Локалните власти ја поставија елката на плоштадот, а дождот го попречи украсувањето што е традиција пред доаѓањето на Новата година. Прилепчани очекуваат општината да ги користи старите украси и во услови на пандемија од короната, да не се трошат дополнителни средства за украсување на плоштадот и улиците. Некои граѓани сметаат дека парите би можеле да се пренаменат за покорисни цели во борбата против вирусот и дека воопшто не е моментот за вакви активности. Други пак, убедени се дека новогодишното украсување придонесува за зголемување на магијата на празниците кои доаѓаат, а токму тоа му е потребно на прилепчани за да се разбие сивилото од статистиката со новозаболените во која за жал, Прилеп предничи.
Од локалната самоуправа сеуште не соопштуваат какво ќе биде и кога ќе заврши новогодишното украсување на градов. На елката, на плоштадот Методија Андонов Ченто, засега и прават друштво гулабите наместо шетачите заради дождот.