ДОМАТ ЗА ТЕЛО И ЛИЦЕ

domat

Доколку не сте задоволни со својата кожа и имате проблем со акни, пори, изгореници и дамки од сонце или кожа која изгледа уморно, доматот е од голема помош. Богат е со ликопен, антиоксидант кој делува како неутрален крем против сонце. Овие антиоксиданти исто влијаат на одложување на стареењето на кожата. Се борат  против разни оштетувања и црвенило. Се препорачува внес на најмалку еден домат дневно. Тоа помог кожата да ја задржи хидратираноста.

Проширените пори се збиралиште на нечистотијата од лицата и извор на инфекции. Затоа се зема една супена лажица свеж сок од домати и се додаваат 2-4 капки свеж лимонов сок. Смесата се нанесува на лицето со памук. Се масира со кружни движења. После 15 минути се мие со ладна вода. Со редовна примена на оваа маска значително се намалуваат порите.

Природната киселина во доматот помага во намалување и отстранување на акните. Витамините А и Ц ги има во многу лекови против акни. Доматот е богат токму со овие витамини. За сериозни проблеми со акни се гмечи еден домат и се нанесува како маска врз лицето. Се остава еден час, а потоа се мие и се нанесува хидратантен крем. Пожелно е постапката да се повторува по еднаш дневно и акните ќе се повлечат.

За многу мрсна кожа, се земаат краставица. Сокот се меша со сок од еден домат. Се нанесува мешавината на лице со памук секојдневно.

За летни изгореници се гмече половина домат помешан со две супени лажици јогурт.Смесата се нанесува на лицето, вратот, рацете и стапалата. Се мие по 20 минути. Доматите ја ладат кожата и ја неутрализираат нејзината површина, додека јогуртот ги осигурува потребните протеини.

Loading