ЕМ МИРИС, ЕМ ЛЕК Е РОЗАТА

rozaРедовното вдишување на мирисот на розата влијае позитивно, доведувајќи ги хормоните до интензивен раст. Од сите цвеќиња, розата особено пленува не само заради тоа што е убава и со пријатен мирис, туку е корисна и во здравствена смисла. Гинеколозите докажале дека редовно вдишување на мирисот на розата позитивно влијае врз женските хормони. Чајот од роза ослободува од депресивно расположение и дава духовна сила. Психолозите тврдат дека мирисот од дива роза, човекот го прави весел и ја јакне одбранбената моќ на организмот. Врз подобро расположение потребна е бања со рози. Се приготвува со рака свежи или суви цветови од роза во најлон чорап потурени со врела вода која тече во кадата. Во бањата се ужива околу 25 минути, длабоко вдишувајќи го мирисот. После тоа нужен е одмор в кревет од еден час. Капењето е идеално и за нега на кожата.

Loading