ПОЛНО ЗДРАВЈЕ ВО СЕМИЊАТА

seme

Семиња се  супер храна во целиот свет. За сите возрасти се исхрана за полна со здравје. На манкенките им служат за одржување на витото тело, а на возрасните за намалување на холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.

Сусамот е главна храна на многу диети. Богат е со цинк, растителни влакна, калциум, магнезиум, железо, па дури и фосфор. Содржат витален холестерол што влијае на падот на притисокот и одржување на здрав црн дроб.

Семките од тиква долго време се превентива од ризикот за рак на простатата кај мажите. Тие се богати со антиоксиданси кои го јакнат  имунолошкиот систем. Содржат цинк и омега – 3 масни киселини и фитостероли.

Чиа семињата доаѓаат од семејството на нане. Тие се мали, но многу моќна храна. Преполни со протеини, влакна и хранливи масла. Богати со антиоксиданси и калциум. Влијаат и на намалување на телесната тежина и за здраво срце.

Лененото семе е најстарата култивирана супер храна во светот. Има бројни здравствени својства. Полно е со омега – 3 масни киселини. Богато е со растителни влакна, витамин Б1, бакар, протеини, цинк, магнезиум и манган. Располага со силна способност во борбата против срцеви заболувања, намалување на холестеролот и се промовира како храна за губење на тежината.

Ким семињата ги користеле Индијците да ги зачинат јадењата. Тие се одлични за здравјето, оти го подобруваат варењето на храната, ја олеснуваат столицата и се силни во борба против рак. Може да се конзумираат со  лажичка во чаша вода.

Коноповото семе е дар од Бога. Тоа е најхранливото семе на планетата. Богато е со сварливи протеини, есенцијални масти и витамини од месо, јајца и сирење. Содржината на шеќер е мала. Помага во губење на тежината, слаба циркулација и лош холестерол. Дава енергија и  го подобрува имунолошкиот систем.

Loading