КАКО ГРК МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЈАТЕЛ НА ГРЦИТЕ

pismo-2

Во пишаните документи е забележано дека според старите поети, но и според тогашните историчари, Македонците биле отсекогаш различни. Дури и Хесиод во 700 г. п.н.е. пишува дека Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, но не се исти. Историчарите низ историските факти потврдуваат дека Македонецот Александар Први за услугата на Хелените пред битката кај Платеа во 479 г. п.н.е. го добил прекарот ,,Филхелен,, што значи пријател на Хелените.

Како може Грк да биде пријател на Грците? Тука треба да се знае дека Хелените секогаш и секаде ги идентификувале Македонците за Варвари кои не говорат и не мислат грчки. Демостен пак и да не се спомнува. Сите политички тела, институции и настани биле забранети за Македонците како нехелени. На Македонците им било забранет пристапот на хеленските олимписки игри, па Македонците организирале свои, македонски игри. Првпат му е дозволено само на Александар Филхелен, но и тоа било пресметан политички потег. Во тој контекс, факт е дека Александар Македонски, во својата војска на походот на Исток, имал одреден број Хелени. Но, само како платеници, а не како македонска војска. Тие не ги разбирале командите, бидејќи не го разбирале јазикот.

Според германскиот историчар Уве Топер, западната историја или историјата на Европа е полна со фалсификати. Вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишувале западните историчари. Особено не со античката историја, поврзана со Грците. Топер ја демаскирал големата сцена меѓу антиката и ренесансата, откривајќи го лицето на минатото без романтичарски измислици. Тој вели дека историјата е сосема различна од онаа во училиштата. Тврди дека сите ,,грчки,, автори се западноевропјани, кои ги фалсификувале ,,изворите,, меѓу 11 и 12 век. Според професорот доктор Анатолиј Тимофеевич, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници. Нивните фантазии се прнесени за ,,историски факти,, врз кои се базира целата европска цивилизација. На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните ,,историски,, права на Грците да поседуваат голем дел од Балканот, како причина да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа биле прифатени грчките лаги и фалсификати. До денес се препишуваат по инерција. Иако во античкиот период не постоела единствена држава под име Грција, мнозина во светот и денес го користат погрешниот термин ,,Античка Грција,,.

Грчкиот претседател Павлопулос, иако не е историчар, туку е правник, постојано тврди дека ,,грчкиот карактер на Македонија,, не е спорен и за него не се преговара. Каков ,,грчки карактер,,? Како може Македонија да биде грчка кога до 1913 г., никогаш низ историјата, ниту еден грчки војник не пречекорил северно од Олимп и реката Бистрица. Факт е дека Македонија, почнувајќи од времето на Каран, околу 800 г. п.н.е., сé до ,,славјаните,, не само што не била грчка, туку во никаква форма, никогаш не влегла во составот на Грција, односно Елада. И по поделбата на Македонија во 1913 г. односно по грчката окупација на Егејска Македонија, Грците не сакаа ни да ја споменат Македонија, ниту како географски поим. Дури по осамостојувањето на Република Македонија, Грците, со поддршка на некои политичари од Запад, жестоко се свртија кон античките Македонци, за кои ,,утврдија,, дека биле Грци, за да докажат дека и Македонија е грчка. Грците ниту во 1830 г. не знаеле дека се Грци и немале учество во создавање на свест за грчки идентитет. Не биле потписници на спогодбата од 1932 г. меѓу Франција, Велика Британија, Русија и Баварија, со која се одредени условите со кои кралот Отон стапува на престолот и со која територијата на кралството е ставена под гаранција на трите сили, заштитнички. Тие потпишале договор со Османлиите, со кој е утврдена северната граница на Грција по линијата Арта – Волос. Така Грција кочено почнала да функционира како независна држава. На 6 декември 1834 г. пристигнал првиот грчки конзул во Солун. Со тоа официјално почнала да функционира грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некакво грчко присуство во Македонија. Валијанос бил назначен за прв конзул на Грција со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата, смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западноевропска цивилизација. Според Топер, вистинската историја нема ништо заедничко со пишаното на западните историчари, особено не со исмислената античка историја, поврзана со Грција.

Прим. Д-р. Благоја Дамески

Loading