„ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВ“ НА ФЕСТИВАЛ ВО ВРАЦА

Ozrni se vo gnev vo Vraca

Ансаблот на театарот со претставата „Обѕрни се во гнев“ од Џон Озборн, во режија на Кристина Димитрова, гостува во Враца, Бугарија на Фестивалот на малите камерни форми. Приказната ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла.

Содржината е  побуната против светот во кој владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за напредок а при тоа не добиваат ништо. Станува збор за безволност, за човечкиот гнев, осаменост….

Играат, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Ч.Клинческа, Илија Волчески и Даниела Иваноска.

Loading