Атрактивни дела насловени „Лепени, сечени, монтирани“ ќе изложи уметникот Сергеј Дамовски вечерва од 19.30 ч. во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.
Дамовски е дипломиран ликовен педагог – вајарство од ФЛУ. Професорот од средно училиште во Скопје изминатите години активно учествувал во културното творештво во земјата, преку многу самостојни и групни изложби и колонии во земјава и во странство.
Добитник е на награда за најдобар портрет 2004 на ДЛУМ, на награда за вајарство ,,Јордан Грабул,, 2013… Бил и претседател на ДЛУМ. Учествувал и на колонијата Дрен.