ДУША И ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА ВО СЕКОЕ ПАРЧЕ

М и Д мебел

Vajari vo primeneta umetnost Dime i drage Mitreski

Не можете да ги наречете дограмаџии, ниту пак мајстори кои прават врати, уште помалку пак дрводелци кои знаат да создадат разни форми од дрвена маса. Едноставно тие се креатори, не занаетчии, туку уметници кои создаваат предмети со душа и во кои вградуваат позитивна енергија. Такви се браќата Драге и Димче Митрески. Сé што направиле, сé што создале го облагородиле со љубов, со посветеност, со сериозен пристап и голема професионалност.

Barok mebel od Topolcani

Печат на нивниот труд е оригиналноста, уникатноста, неповторливоста на предметите. Додека купувачот се воодушевува на формата, изработката, гравурата, комбинацијата со оковот или пак мермерниот додаток на мебелот, некаде ненаметливо може да се пронајде амблемот “М&Д” хенд меид мебел. Токму така, скромно, без помпезности и големи чалами, како и реклами, веќе десет години функционираат браќата Митрески родум од Тополчани, но со бизнис низ цела Македонија и надвор од границите.

IM001528

Велат дека не им требајавност, дека доволно се познати или славни, затоа што работата ја дозираат онолку колку што можат да постигнат. А направиле доста: столици, трпезариски маси, тоалетни масички, комплетен ентериер, односно мебел за пицерии, ресторани, салони за убавина… Правеле и иконостаси, украси за цркви со светци… Едноставно нема што не може да направат, поточно да создадат. Просто речено, муштериите им покажуваат само слика и виденото, визуелното за кусо време го преточуваат во соодветниот материјал. Уживаат кога работат во дрво, во орев – материјалот кој тежи, но и останува за век и веков, за генерациите кои доаѓаат. Се случило и тоа, својата мајсторија да ја стават на облог, на испит, дали можат да го изработат тоалетното масиче со огледало како на фотографијата.

Virtuozna izrabotka

Предизвикот бил прифатен и се втурнале двајцата во креативна работа. Не само конструкцијата што била иста, туку и финесите, шарите, шмиргланото, измазнетото лице било како на оригиналот. А кога “обложувачите” побарале да го купат предметот, тогаш двајцата браќа сложно одговориле дека тоа не е за продавање, само им докажале дека можат да направат се што ќе видат, односно се што ќе порача муштеријата.

Освен креативноста и работливоста, на двајцата браќа заеднички именител им е тоа што по струка се градежни инженери. Иако немаат директен спој и врска со она што го работат, сепак сметаат дека основата на изработката лежи во подготвителниот цртеж кој го работат како од “мајтап”. Раскажуваат дека леб ваделе занимавајќи се и со брза пратка, а во бизнисот со мебел се втурнале кога биле приморани сами да изработат мебел за празниот стан.

dime i drageod topolcani2376

Потоа работеле и за пријатели, па за пари… Покрај погонот во кој минуваат саати и денови во макотрпна работа, имаат музеј, или галерија, изложбен простор во кој застанува здивот од изработените парчиња мебел затоа што покрај линиите кои ги постигнуваат со ЦНЦ машината внесле и креативност и многу позитивна енергија. Иднината ја гледаат надвор од границите на државата каде се цени и вреднува рачната уникатна изработка, затоа што не прават сериски мебел за широка потрошувачка.  

               

Loading