СКАРА ЗА 300 ДЕНАРИ КИЛОГРАМ ЗА АЛАМИНУТ

Месарница и скара Мартин

Martin Taseski trgna

Вториот објект за продажба на месо и подготовка на скара на кило кај паркингот Табаана на браќата Мартин и Благоја Тасески, покрај оној што одамна работи во населбата Точила, сведочи дека фирмата Мартин  се движи по нагорна линија, бидејќи стекнала препознатливост по квалитетот понуден на многу муштерии. Покрај продажбата на месо, во двата дуќани, фрчат нарачки за месо на жар за 300 денари килограм за ручек или вечера во делник, а особено во сабота и недела, кога семејствата се собираат на заедничка трпеза.     

Браќата Тасески се потпреле врз традицијата, врз стариот испробан рецепт да се направи подготовка на месото за скара, но без додатоци, адитиви… Храброста за отпочнувањето на бизнисот ја втемелиле врз искуството пренесено од нивниот татко, кој цел живот работел во чаршијата. Не само што гледале и примале како сунѓер од тајните на занаетот како деца, туку, за разлика од нивните врсници додека заминувале на студии, тие многу млади почнале да ги откриваат и совладуваат тајните на занаетот. Предизвикот да се тестираат способностите во водењето на бизнисот, постариот Мартин го потврдил низ неколку годишното успешно работење на месарницата на стартната позиција во трговски центар во Точила. Стартувале првин со свежо месо, свинско и телешко и сите преработки – мелено, амур, колбаси итн. Трендот на современото живеење кога домаќинките имаат сé помалку време за готвење со саати во домот, им ја родил и идејата за скара. Плотната речиси воопшто не ја користат и подготовката на место ја прават исклучиво на дрвен јаглен. Современите жени им се благодарни, затоа што ручекот им е готов веднаш кога ќе си дојдат од работа и може веднаш да седнат на маса. Предност во готовата скара на жар гледаат и од населените места кои за празникот Спасовден ја збогатуваат трпезата со вкусно месо. За време на матурските и полуматурските прослави не можат глава да кренат од работа. Ги бараат за сите семејни прослави. Порачките може да се прават по телефон, а доставата на готовите месни продукти, ја вршат и по таксти. Ударни денови им се вторник и четврток, но имаат работа и во недела кога работат до 14 часот.

Не знаат за одмор, амбициозни се, чесни и трудољубиви. Најповеќе сакаат задоволни муштерии, во што засега и успеваат. Тајната на успехот не лежи само во рецептот на подготовката, туку во квалитетот на месото. Користат исклучиво свежо месо од домашни проверени фарми. Мискојна е зготвено, а и фрлено на жар.

Bratot go povlece pomladiot Blagoja Taseski

Конкурентни се и со цените. Свежото месо, вклучително свинската удина, кременадлите, ребрата, како и телешкото месо се со стандард цени, како во чаршијата. Килограм скара на жар е 300 денари, без разлика дали изборот е кебапи, уштипци, кременадли колбаси, освен за вешалици.

Широкогради се. Покрај вкусното месо, богата е лепезата на додавките, како пиперче, кромитче,.. кои само го засилуваат вкусот, а и визуелниот филинг е појак. Сакаат на муштериите да им приредат вистинско задоволство.

Грабат кон иднината со силни чекори, а кој еднаш вкусил, му станува месото секојдневно мени на кое не може да се оддолее… 

Loading