ТЕМЕЛ ЗА ФАБРИКАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВИК

Прилеп станува привлечна мета за странски и домашни инвеститори

Biznismenite gradat vo zonata Prilep 1

Следниот месец ќе се стави уште еден камен темелник во технолошко индустриската зона Алинци. Станува збор за германската компанија Вик, која во Прилеп ќе произведува апарати за домаќинството со неколку стотини работници.  Тоа ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика” во Македонија. Капацитетот ќе се простира на 10.000 м2, а почетната инвестиција ќе изнесува околу 12 милиони евра. Во првата година би се вработиле 400 лица, со тенденција во период од 2 години таа бројка да се искачи на илјада.

Покрај Гентерм и Акомпласт, ова ќе биде трета странска инвестиција на комплетната инфраструктура во зоната Алинци. Државата вложи над 2,2 милиони евра за изградба на асфалтни улици, водоводна и канализациона мрежа, довод за електрична енергија, оптички кабли за интернет и сé она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Во Алинци веќе се ангажирани илјада работници во американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм, кој инвестира 20 милиони евра. Со отворањето уште на две нови хали, тенденцијата е да се вработат околу две илјади луѓе. И германската компанија Акомпласт вложи три милиони евра каде треба да се вработат околу 250 лица. И Германците планираат да градат уште две нови хали. Во Прилеп влезе уште еден огромен светски бренд. Тоа е Филип Морис, кој направи стратешко партнерство со Тутунскиот комбинат. Се отвори новото претпријатие Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп. Се очекува стабилизирање на Комбинатот.

Со 27 милиони денари на локалната самоуправа се изгради поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1. Градот доби и грант од 124 илјади евра од Светската банка. Продадени се 21 локација. Две компании веќе ги изградија халите, ги ставија во погон машините и ангажираа работници. Уште десетина фирми се во поодминат тек на градба на своите капацитети. Се очекува да најдат работа над 1500 невработени.  Во зоната Прилеп 2 веќе се продадени пет локации од кои четири за помали економски капацитети, кои ќе овозможат нови вработувања. Во фаза на продажба се уште седум плацеви.

Vik ke stane komsija na Akuplast i Genterm

Локалната самоуправа ги поддржува домашните компании во нивните бизнис планови, преку брза изработката на деталните урбанистички планови, брзо спроведување на барањата за легализација, заедничка промоција на потенцијалите и реализација на бизнис средби.

Со измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план градот е зголемен за 388 хектари. Градот да ја интензивира развојната урбанизација обезбеди поголеми површини во зоните за домување и индустрија. Со новите детални урбанистички планови освен индустриските зони Прилеп 1, Прилеп 2 и Прилеп 3, се планираат уште две нови зони Прилеп 4 и Прилеп 5. Заедно со мерките од АВРМ во периодот од 2005 до 2017 година во Прилеп рекордно се намали невработеноста. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се 13.835 невработени. Или невработеноста е намалена за 11.198 лица.

Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп и експресниот пат Прилеп – Градско преку Плетвар ќе се зголеми и конкурентноста за привлекување и влез на домашни и странски инвеститори не само на Прилеп, туку и за целиот пелагониски регион. Гасоводот веќе се гради во Тројачката котлина, а финишот кај Прилеп се очекува во 2018 година. Гасификацијата ќе го подобри квалитетот на животот, ќе ги намали трошоците за енергенси, ќе го подобри  бизнис амбиентот, вклучувајќи ја и заштита на животната средина.

Должината на експресниот пат Прилеп – Градско ќе изнесува 33,5 км. Инвестицијата е 80,7 милиони евра. Предвидениот рок за градба е 2019 година во три фази. Интензивно се гради втората фаза во должина од 10 км. од селото Фариш до Дреновската клисура. Делницата чини околу 31,4 милиони евра.

Loading