ПОБЕДА ПО АНГЛИСКИ И ИНФОРМАТИКА

Гимназија „Мирче Ацев

Gimnazijalci - vrvni programeri

Учениците од Гимназијата Божидар Цветкоски кој го освои првото, Ѓорѓи Димески, второто и Александар Видески трето место, утре ќе учествуваат на регионалниот натпревар по англиски јазик. Тие беа најдобри на натпреварот за општините Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Кичево, Кривогаштани и Долнени. Во конкуренција од 22 ученици од средните училишта од Прилеп и Кичево, гимназијалците освоија целосна победа. Натпреварот го организира Ацосијацијата на наставниците по англиски јазик на Македонија.

Гимназијалците постигнаа успеси и по програмирање на регионалниот натпревар по информатика. Меѓу 150 ученици од сите основни и средни училишта, гимназијалците Горазд Илиески од 2-1  освои трета награда, Стефан Димески од 3-7, втора награда, Андреј  Мрчески од 3-7 трета награда и Владимир Стојчески од 4-9 доби пофалница за успешно учество. Учениците ќе учествуваат и на Државниот натпревар по информатика што треба да се одржи утре.

Успеси гимназијлаците постигнаа и на националниот натпревар во програмирање за средношколци, CodeCUP 2017. Меѓу 60 тимови од средните училишта беа  и гимназијалците  Димитар Милески од 4-8  клас, кој со проектот „Платформа за споделување и уредување слики и 3Д проекти” го освои третото место со што доби и ослободување од партиципација за првата година студирање на ФИКТ, Елена Спиркоска од 4-9 клас со проектот „Едукативна веб страница за изработка на видео” доби сертификат за успешно учество. Ангела  Милошеска од 2-6 клас со проектот „Keep in Touch- web страна за филмови и книги” доби сертификат за успешно учество. Ментор е професорката Анкица  Стеваноска Јанческа.

Loading