ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ОД БИБЛИОТЕКАТА

ОУ „Рампо Левката“

Blagodarnost za knigite - ucenite od Rampo Levkata

Стотина книги доби ОУ „Рампо Левката“ од Градската библиотека. Меѓу подарените се лектирни изданија, книги од прилепски автори и изданија од библиотеката, како и други интересни и ретки поетски прозни дела низ кои учениците ќе ги откриваат тајните на светот, ќе добиваат нови сознанија и ќе ја збогатуваат фантазијата. За можноста да прочитаа и други наслови, членовите на литературната, драмската и рецитаторската секција се заблагодарија, изведувајќи пригодна програма во градската библиотека.

Loading