ГОСТИ ОД ИТАЛИЈА

ОУ „Гоце Делчев

Razmena na iskustva so Italijancite

ОУ „Гоце Делчев“ е домаќин на италијанска делегација во рамките на проектот од програмата „Еразмус плус“, кој се состои во набљудување на работно место од страна на наставници, претставници од конзорциумот на основни и средни училишта од општина Пистоја (Италија), финансиран од ЕУ. Соработката се реализира меѓу училиштето во Тоскана и „Гоце Делчев”,  а проектот се вика „Комениус плас”.

– Италијанското училиште е партнер преку „Еразмус плус програмата”. Колегите од Италија се конзорциум од ист регион. Дојдени  се да го набљудуваат работно место и да се запознаат со образованиот систем кај нас, не само во формалното, туку и неформалното образование – вели Спасија Нешкоска Цуцулеска, координатор на проектот од ОУ „Гоце Делчев”.

Гостите се запознаа и со македонската национална кујна.

Loading