Леонардо Димоски
Леонардо Димоски на виолина го имаше првиот солистички рецитал во салонот на ЦК “Марко Цепенков”. Тој е ученик во седмо одделение во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, како и во музичкото училиште. Оние кои што го слушале велат дека е виртуоз на жичениот инструмент на кој има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Токму на интернационално ниво, ги одмерува силите во Скопје. Вели дека вежба просечно по 2 часа секој ден, а во викендите и пред натпревар и повеќе. Ја сака виолината дека има убав звук, а најчесто свири кога е радосен. Омилени му се композициите од Џ. Тартини и Ф. Крајслер.
Приреди пријатни музички доживувања за слушателите. Музицирањето му беше придружувано на пијано од уметничкиот соработник и негов професор Денис Најдоски. Зад успехот на Димоски стојат и менторите проф. Сихана Бадивуку и проф. Валерија Николовска, кои му ја вдахнаа љубовта кон виолината и го надградија талентот.
Освен на виолината, Димоски подеднакво е добар и по сите предмети во основното образование. Наставниците од ОУ “Кире Гавриловски” имаат одлично мислење за надарениот ученик.