УСПЕШНИ БОРАЧИ

Uspesni boraci - Naseski i   Stojanoski

Стефан Стојаноски од ОУ „Рампо Левката“ го освои третото место на Меѓународниот турнир во борење „Златин Ургачев“ во Бугарија. Како дел од македонската репрезентација, учествуваше и Петар Насески од ОУ “Гоце Делчев”. Тие се натпреваруваа на силен меѓународен турнир во Галабово, под капата на Светската боречка федерација, која се рангира за листите за квалитет на деца до 15 години. Учествуваа 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија. Стојаноски се бореше во категоријата до 32 кг., а Насески до 35 кг.

Двајцата се членови на боречкиот клуб „7 Мај”.  

Loading