СТИХОВИ ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ

Гимназија „Мирче Ацев

Polni so inspiracija za stihovi - gimnazijalcite od SOU Mirce Acev

Литературниот сектор при Младинската организација на гимназијата за „Денот на поезијата – 21 Март“,  организира литературно читање. Силните стихови се збогатија со музика. Позитивна енергија и топлина создадоа учениците во едно од прилепските кафулиња која уште блика кај посетителите кои ја понесоа со себе.                

– Прекрасно дружење, настан за паметење, делата остануваат зад нас. Тоа се дел од импресиите. Низ поезијата се пренесе ведрина и љубов, пораки, кои ги замислија и возрасните. Се покажа повеќе од она што сите го имаме во нас – велат организаторите.

Учениците вешто ги демонстрираа талентите и по којзнае којпат потврдија дека гимназијата е културен извор.

Loading