СМАЈЛИ ЗА СРЕЌА

ОУ „Добре Јованоски

Nasmevki na licata - OU Dobre Jovanoski

За интернационалниот ден на среќата, учениците од 3-4 одделение од ОУ „Добре Јованоски“ испратија јасна порака до сите дека насмевката е единствената крива линија која може да направи некого среќен. На 20 март, кога и се одбележа Светскиот ден на среќата според ООН, под менторство на своите педагози децата учеа дека стремежот кон среќата и благосостојбата е основно право на човекот.

Идејата за одбележување на Денот на среќата, ги натера учениците да изработат „смајли“, а со насмевка ги закитија и своите лица, испраќајќи порака секој да биде среќен и да дарува насмевки кои се бесплатни.

Многу разбирање, љубов, среќни и здоволни лица има во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ во кое царува позитивната атмосфера и другарството меѓу сите ученици подеднакво.  

Loading