ЕНЕРГИЧЕН И ЗАНОСЕН НАСТАП ВЕТУВААТ АГИ И НЕЈЗИНАТА ГРУПА

Унгарска вечер на 30 март во ЦК „Марко Цепенков

Унгарска вечер ќе се одржи на 30 март во ЦК „Марко Цепенков“. Најпрво од 18.30 часот во ликовниот салон ќе биде отворена историската изложба ,,Унгарците во логорите од Советскиот сојуз 1944 -1956,, во спомен на годината на унгарските политички затвореници депортирани на принудна работа. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс и Кристина Чиба, директор на Домот на Унгарците. Во 19 часот во големата сала, концерт ќе одржи Аги Херцку со нејзината група Банда кои ветуваат енергичен и заносен концерт.

– Групата од Унгарија верно кон нивната веќе позната колоритност – храбро се зафаќа и интерпретира музика на прекуграничните Унгарци како и на музика од другите држави во регионот. За заемна интеракција меѓу унгарскиот фолклор и музиката на државите во соседството укажал уште Бела Барток со мислата: без познавањето на музиката на нашите соседи не можеме да ја разбереме и запознаеме ниту сопствената музика – велат од Амбасадата на Унгарија и Здружението на Унгарци во Македонија.

Во групата членуваат Аги Херцку – вокал, која има освоено многу награди, потоа Никола Паров – виолина, бузуки, кавал, гитара, зурли, Гера Габор –  хармоника, Бенце Палази – виолина, Мартон Фекете и Петер Молнар – контрабас.

Loading