КОРИЦИ ЗА „ЉУБОВ – ПАТЕШЕСТВИЕ – ГРОЗДАНОВЦИ“

Промоција

„Љубов – Патешествие – Гроздановци“ е книгата за животната  приказна раскажана од Гроздановци – Кети и Борче, што ќе биде претставена пред љубителите на пишаниот збор на 29 март од 18 часот во клубот Тејк а фајф. Се работи за книга за два животи сплотени во еден.

– Би се радувал кога во македонската литература би имало повеќе страници и публикувани дела, без ретуш и фотошоп, каде личното и интимното е транспонирано и се претворило во космополитско и универзално! Вечна да им биде љубовта, и нека по прочитот измамува и предизвикува и насмевки и солзи истовремено! Животот е како сонце и дожд кои се менуваат наизменично, како темни облаци и пребистро небо, како роса и снег, суша и порој, љубов, порив, потреба, навика, страст… – забележува професор д-р Христо Петрески за творбата на Гроздановци.

Соња Трајковска Димитровска запишала дека приказната е за една љубов, чиста, ,,изнедрена од тишината,, од чие признание не се бега како од првиот дожд.

– Животот е патешествие, а љубовта сто животи. Тогаш кога ќе почувствуваш дека немаш слабост, имаш храброст. За љубов. И обратно. За признание – вели Димитровска. 

Loading