„ПЛАН ЗА СТАН“ – УРНЕБЕСНА КОМЕДИЈА

Talentirani mladi parvata komedii

Драмското студио при Центарот за аудиовизуелни уметности „Креативити – Прилеп“ на 29 март во 20 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе ја прикаже претставата „План за стан“. Во третата претстава се вклучени 17 ликови кои креираат приказна од секојдневието. Текстот е на Никола Димески, а режијата на Влатко Петкоски. Музиката ја подготви Дејан Трајкоски, а видеото е дело на Златко Костоски.

Играат млади актери на различна возраст.

План за стан е урнебесна комедија за семејството на Димитрије Австралиски, за новодобиениот стан на Перо Кондуктерот и неговата вереница Лена и за згодите и незгодите на слугата Сотка.

Дела на Креативити се „Кој е крив“ и „Кралски фестивал“.

Loading